Posts

АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ

Image
                     АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ Кој не сака палачинки? Палачинките се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Неограничен е бројот на комбинации за сервирање, а нивниот вкус лесно можете да го менувате во однос на вашите желби. Американските палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни. Помали се и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата Состојки 1 шолја брашно 2 големи лажици шеќер 2 мали лажички прашок за пециво ½ мала лажичка сол 1 шолја млеко 1 големо јајце 2 големи лажици растопен путер или масло за јадење Подготовка Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во...